Затвореник избегал од затвор, и пукал кон човек при што го ранил во ногата
Како што дознава ТВ21 од свои извори, вчера околу 18: 10 часот, затвореник за кој во моментов не е нејасно како го има напуштено затворот, пукал кон член на групата Грчец.
Од МВР информираат дека повредениот бил донесен од страна на неговиот брат , при што на полицијата и објаснил дека додека повредениот се движел по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје му се приближило едно лице, и пукало во ногата на неговиот брат.


















