Аирлија! Ќе се зголемат платите на медицинскиот персонал
Како што откри министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ќе се зголемат платите на медицинскиот персонал, при што таа не кажа колку ќе изнесува покачувањето, но сепка најави дека истото ќе го има!

Очекуваме, сега и во здравството да видиме особено за медицинско-техничкиот персонал. Докторите ги исклучувам овде, бидејќи тие во минатото имаа повеќе покачување. Не велам дека можеби нема да бидат опфатени, но фокусот ни е повеќе на техничките служби, медицинските сестри – посочи министерката.
Како што истакна министерката, по зголемувањето на платите во образованието, вели дека мора да се покачат и платите на вработените во здравството.















