НА КОГО ЛИ МУ ПРЕЧЕЛЕ? Во Македонија се убиени мечка и две мали мечиња
Денеска се убиени мечка и две мали мечиња, во с. Жировница, Општина Маврово – Ростуше. Државниот инспекторат за животна средина по пријава на националниот парк Маврово, пристапи на лице место за да направи увид.
Колку за информација, според Законот за ловство од 2009 година нивниот лов во нашата земја е трајно забранет, а мечките во Македонија се заштитени со закон уште од 1996 година.