“Кафетерија” – новото урбано место во Прилеп, каде мирисот на најквалитетното кафе и есенската магија создаваат незаборавни спомени

Омиленото место на прилепчани (поранешното Кафе Ин), сега е претворено во нов, урбан, модерен и современ кафе бар, кој што кај прилепчани веќе е познат под името “Кафетерија”.

По барање на своите ценети гости, “Кафетерија” (поранешно Кафе Ин) започна со работа на одлична локација во цветната улица во центарот на Прилеп, при што таму освен што ќе го вкусите најдоброто квалитетно кафе, ќе уживате и во одличниот релаксирачки амбиент.

Во “Кафетерија” има огромен избор на алкохолни и безалкохолни пијалоци кои можете слободно да ги комбинирате додека уживате во пријатната и опуштена атмосфера во овој кафе бар – и го пиете Вашето одлично кафе.

Имено, покрај одличната понуда на “Кафетерија”, тука е топлиот пријатен амбиент, кој што е надополнет со беспрекорна услуга, која целосно го доловува стилот на оној светски – современ кафе бар.

Во овие есенски денови, повелете да се стоплите и да уживате во есенската магија во “Кафетерија”, местото каде во Прилеп се создаваат најдобрите кафе спомени!

















