|

Публиката денес во Прилеп уживаше во двете претстави од НОВОГОДИШНА МАГИЧНА БАЈКА

Сподели го ова:


БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА-Прилеп денес направи вистински детски театарски спектакл во Прилеп. Како што знаете, денеска во Прилеп имаше новогодишна магична претстава во НУЦК Марко Цепенков-Прилеп, а при тоа беа запазени сите протоколи од Министерството за здравство за заштита од Ковид 19. Првата претставата започна со почеток во 11 часот, а втората претстава беше со почеток во 13 часот. Имено Прилеп е еден од неколкуте градови каде што овој месец ќе гостува оваа ексклузивна претстава. Станува збор за уникатна детска музичка претстава каде Дедо Мраз не можејќи да најде подароци за сите дечиња мораше на помош да повика ВИСТИНСКИ МАГИОНИЧАР кој претставуваше ВИСТИНСКА АТРАКЦИЈА ЗА МЛАДИТЕ ВО ПРИЛЕП. Во претставата магионичарот преку магија извади вистинско зајаче, гулаби и многу други останати магични подароци кои не можеше да ги најде дедо Мраз. Сето тоа, предизвика големо внимание кај најмладата публика за време на целата претстава. Магионичарот освен овие трикови пред младата публика направи и други магични трикови заедно со Дедо Мраз. Во претставата исто така учествуваа Старата и Новата година. Претставата беше пропратена и со музички песни. На крајот веднаш зад сцената по сите заштитни протоколи од Министерството за здравство следуваше бесплатно сликање со Дедо Мраз, Магионичарот, белите зајачина и гулабите кои што стоеја на рамото на детските посетители, а на ваков начин детската публика создаде уникатен новогодишен магичен детски спомен, спомен кој што долго ќе трае како еден драгоцен спомен од нивното детско. Како резултат на тоа што до сега станува збор за уникатна магична детска музичка претстава каква што не беше прикажана во нашата земја, претставата овој месец е поканета да гостува во повеќе градови во нашата земја, а честа ја има секако и градот Прилеп.





Сподели го ова:

Слични објави