Зацевување на атмосферски канал на ул.„Александар Македонски“
Преку средства од Програмата за инвестирање во животната средина од Министерството за животна средина и просторно планирање, во висина од 4.459.742,58 денари со кофинасирање од Општина Прилеп се реализираше овој значаен проект за жителите на овој дел од Прилеп – Зацевување на Атмосферски канал DN 1000 на ул. Александар Македонски и чистење на површината на која се протегаше овoј отворен канал кој беше еден од најпроблематичните делови во инфраструктурата во оваа урбана заедница.

Со оваа инвестиција Општина Прилеп доби одлично инфрастуктурно решение на деценискиот проблем кој на овој дел од градот.
Специфичноста на овој канал е во тоа што опфаќа големо сливно подрачје со голема површина, а на истиот е изведен пропуст под ул. Александар Македонски со дијаметар DN 800 бетоска цевка.
Поради овие причини од страна на ЈКП „Вододвод и канализација“ Прилеп се изготви техничка документација во вредност од 40.522,00 денари со која беше опфатена регулација односно зацевување на овој канал DN 1000 со должина од 110 метри, чистење на наталожената тиња и вегетацијата која се протегаше над овој отворен канал кој беше во значително лоша состојба.
Со реализацијата на овој проект се доби една прекрасна целина со што од страна на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп беа изведени и нови канализациони и атмосферски приклучоци за локалното население и наредниот период како што е планирано според Урбанистичкиот план на овој дел од градот да се спроведе улица која ќе биде поврзана со улицата „Блаже Темелкоски“ и со тоа дополнително ќе се подобри комуналната инфраструктура во овој дел од градот Прилеп, што претставува еден од основните предуслови за побрз економски и социјален развој, а со тоа директно ќе се придонесе кон подобрување на квалитетот на животот на населението.
Реализацијата на проектот има големо влијание кон намалувањето на загадувањето и обезбедување на повисок степен на заштита и зачувување на животната средина.
Сакам да изразам огромна благодарност до Министерството, до министерот, до нашата заменик министерка, за огромната поддршка на значајни и капитални проекти и се разбира до Владата на Република Македонија. Заедно со поддршката од нашите пратеници и во иднина ќе продолжиме со реализација на сите предвидени проекти и ќе продолжиме да го развиваме Прилеп.


















