За здравје и спасение! Завршија велигденски пости – од денеска богата велигденска трпеза во домовите низ земјава
Завршија велигденските пости, кои беа во чест и спомен на Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Нашиот Бог Исус Христос воскресна од мртвите, и со Неговата смрт смртта ја уништи, а со Него и сите нас кои веруваме и одиме по Него.
Христос воскрена за да наследиме воскресение и живот вечен. Со објавувањето на радосната вест за Воскресението Христово, завршија велигденски пости, при што од денеска граѓаните можат да уживаат во богата велигденска трпеза која е поставена во домовите.
Нека е за многи години!!


















