Општина Прилеп со парични награди ги награди најдобрите наставници и воспитувачи
Хероите на нашето општество – наставниците, воспитувачите и негователите! „Ако треба да ставите некого на пиедестал, ставете ги наставниците. Тие се херои на општеството.“ Денеска, Општина Прилеп со парични награди, ги награди најдобрите наставници и воспитувачи.

Денес остваривме средба со наградените и избраните, Најдобар наставник од основните училишта од општина Прилеп – Милан Јаковоски, Најдобар наставник од средните општински училишта – Блаже Димески, Најдобриот воспитувач – Лидија Стојаноска и Најдобриот неговател- Александра Шипинкоска-Стојаноска од ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп. Оваа година за првпат според новиот правилник преку Советот на Општина Прилеп и врз основа на јавно објавен повик, доделивме симболични финансиски награди за нивните остварени успеси и вложен труд! Со овие признанија, ние не само што ги вреднуваме нивните заложби и напорна работа, туку и вложуваме во иднината на нашето образование. Ваквото признавање служи како поттик за сите нас да се трудиме повеќе и да обезбедиме поквалитетно образование за нашите најмлади.Со почит, посветеност и заеднички напори, ќе продолжиме да ги поддржуваме и наградуваме оние кои се вистински темел на нашето општество – порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

















