(фото) ОХРИД: Две слатки – украсни зајачиња, за сликање “подаваат рачиња”

Сподели го ова:


























На плоштадот Свети Климент Охридски во Охрид е поставено велигденско украсно јајце со христијанскиот поздрав Христос Воскресе, две дрвени клупи и други реквизити наменети за најмладите. Меѓу нив се и двете слатки – украсни зајачиња, кои за сликање “подаваат рачиња”.

Украсите се дело на академскиоит скулптор Зорица Азеска Спасеска, професорка по ликовно образование во ООУ Ванчо Николески од Лескоец.

“Локалната самоуправа, секоја година ќе обезбедува нови реквизити и украси кои ќе го красат градот за време на Велигденските празници. Целта е секој кој ќе се фотографира пред наведените украси со себе да понесе фотографија – спомен на нашиот Ерусалим на Балканот” – истакнуваат од Општина Охрид.




Сподели го ова:

Слични објави