Погледнете! Во прилепската болница се отвори Школата за трудници – простор каде идните мајки и татковци ќе добијат поддршка, знаење и охрабрување на секој чекор

Сподели го ова:





























Со голема радост Ве информираме дека при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп, на Одделението за гинекологија и акушерство, се отвори Школата за трудници – простор каде идните мајки и татковци ќе добијат поддршка, знаење и охрабрување на секој чекор од патот до родителството.

Искрено им благодариме на нашите пријатели и поддржувачи: Vitabiotics, ProMedika, подмладокот на Rotary Club, Euroglass и други, кои со својата несебична помош придонесоа оваа идеја да стане реалност. Нивната поддршка ни овозможи да создадеме топол и пријателски простор за сите идни родители. Со нас – чекор по чекор, кон сигурно, информирано и спокојно родителство. Ве очекуваме со отворено срце! – порачуваат од прилепската болница.




Сподели го ова:

Слични објави