“На големо” ни се враќа летото!
Денеска ќе имаме повеќе облачност која ќе биде проследена со мали сончеви периоди, меѓутоа не е исклучена можноста за појава на повремен локален дожд и ретки грмежи, претежно во јужните предели од нашата земја. Меѓутоа битно е да се напомене дека веќе од утре, “на големо” ни се враќа летото! Веќе од утре и за време на викендот, ќе можеме да уживаме во повеќе сончеви периоди, а исто така се очекува брзината на ветерот значително да се намали.
И покрај се, битно е да се нагласи дека утрата ќе бидат студени при што утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 17 степени, а максималната темепратура деновиве се очекува да го достигне 30-тиот степен.