За почисто и поубаво Крушево! Градоначалникот Чонески заедно со директорот Јанески решаваат еден од најголемите проблеми со кои се соочуваше Крушево

Сподели го ова:





























Денеска крушевскиот градоначалник Нико Чонески заедно со директорот на ЈП Комуна, Благојче Јанески, извршија увид по повод отпочнувањето на активностите за санирање на дивата депонија во Крушево. Ова е важен чекор кон решавање на еден сериозен и долгогодишен проблем што директно влијаеше врз квалитетот на живот во крушевската заедница.

“Со започнувањето на овие активности испраќаме јасна порака дека грижата за животната средина не е само декларативна заложба, туку конкретна акција. Санирањето на депонијата ќе овозможи побезбедно и контролирано одлагање на отпадот, ќе го минимизира ризикот од неконтролирано палење и ќе придонесе за намалување на загадувањето на воздухот и почвата. На овој начин директно го штитиме здравјето на нашите граѓани и создаваме почиста околина за идните генерации. Како градоначалник на Крушево, останувам цврсто посветен на системско решавање на комуналните предизвици и на унапредување на јавната хигиена во општината” – порача Чонески.




Сподели го ова:

Слични објави