За гондолата на “Пелистер” работат странски експерти кои ја изработуваат физибилити студијата за овој проект
Пред денешната 2-ра работилници за изработка на физибилити студија за изградба на гондола на „Пелистер“, во мојот кабинет имав средба со странските експерти кои ја изработуваат физибилити студијата презентирајќи ги нивните решенија.
На средбата присуствуваше и претседателот на Советот и претставници на администрацијата.
Потоа во моето обраќање на работилницата кажав дека ова е можност да се видат сите алтернативни решенија кои ги нудат домашните и странските експерти, кои се опциите и можностите за и Битола со „Пелистер“ еден ден да биде на големата туристичка светска мапа.
Странските експерти ангажирани за оваа студија деновиве ја посетија Баба Планина со врвот „Пелистер“, а во предвид беа земени и предлозите од првата работилница која пред некој месец се одржа во Битола.
За сите три предлози, Нижеполе, Дихово и Цапари од каде би тргнувала гондолата, детално ги објаснија трасите на движење, влијанието врз средината, безбедносните аспекти, задржувајќи се на трасата од Цапари преку Широка ( Ловечка) и до врвот „Пелистер“.
Исто така зборуваа и за тоа како горе може да има повеќе ски терени, дури и за почетници, други содржини кои ќе бидат во интерес на туристите.


















