Проданоски со уште една значајна средба во интерес на градот! Турскиот амбасадор и претседателот на МАТТО гости во кабинетот на прилепскиот градоначалник

Сподели го ова:





























Денеска, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски оствари значајна средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и г-дин Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на Република Турција.

“Разговаравме за развојните капацитети на Општина Прилеп, за индустриските капацитети на општината, состојбите во прилепското стопанството, како и за потенцијалите за унапредување на досегашната соработка и можностите за нови инвестиции и обострана економска соработка и поголема трговска размена.

На средбата беше присутен и Сашо Наумоски, генерален директор на компанијата „Витаминка“, како активна членка на МАТТО и една од нашите најголеми реномирани компании во прехрамбената индустрија, која годинава одбележува 70 години од своето постоење.

Во фокусот на средбата се разговараше и за можностите за соработка во областа на образованието, културата и туризмот, имајќи предвид дека Прилеп располага со значаен културно-историски и туристички потенцијал, кој може да биде привлечен за домашните и странските гости, вклучително и за посетителите од нашата пријателска Република Турција.

Како општина, заедно со турската заедница која живее во општина Прилеп имаме многу што да понудиме и уште повеќе да ја продлабочиме и унапредиме соработката со Република Турција, на економски, културен и билатерален план” – порача Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави