За два дена-во четврток ќе се гласа за довербата на владата

Сподели го ова:


Талат Џафери-Претседателот на Собранието ја закажа седницата каде ќе треба да се гласа доверба на Владата и тоа овој четврток, откако лично до него вчера ваква иницијатива поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, АА и Алтератива, Беса и Левица-со потписи од 61 пратеник. Кабинетот на претседателот на Собранието веќе информираше дека до него е доставено Барање за гласање за доверба на Владата. “Претседателот на Собранието, Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање доверба на Влада, а седницата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток, на 11 ноември 2021, во 11.00 часот. Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата”, соопштуваат од Кабинетот на Претседателот на Собранието.





Сподели го ова:

Слични објави