Легендарната Тијана Дапчевиќ со „Менопауза“доаѓа во Битола! Урнебесен stand-up со гласна, искрена и духовита исповед за темите за кои жените најчесто шепотат
По два распродадени настапи во Скопје легендарната Тијана Дапчевиќ доаѓа во Битола со монодрамата „Менопауза“! Урнебесен stand-up со гласна, искрена и духовита исповед за темите за кои жените најчесто шепотат – а сега конечно се зборуваат без срам и со многу смеа. Секс, хормони, ПМС кој не знае дали доаѓа или си оди, љубовници без поим за лубрикант и мажи во криза на средни години – Тијана без влакна на јазикот (и со некое ново на брадата) ве освојува уште од првата минута.
Еден месец пред почетокот на Фестивалот на монодрама, интересот веќе зборува сам за себе.
70% од капацитетот на салата е распродаден за стендапот „Менопауза“ со Тијана Дапчевиќ.
Доколку сè уште немате билет, времето полека истекува.
Билети на следниов линк:


















