Младата прилепчанка Михаела Пурдеска продефилира на црвениот тепих – ќе ја претставува Македонија со своето учество на Светската асоцијација на фестивали

Ученичката Михаела Пурдеска, од 5 одделение од ООУ Климент Охридски од Прилеп, на 09.01.2023 година, во Македонската опера и балет, учествува на WAF- Светска асоцијација на фестивали. Михаела е претставник од Македонија, а ќе ја изведе Евровизиската композиција ,,Fire”.
Натпреварувачите се поделени во 5 категории, најдобриот од изведувачите ќе понесе Гран при, а во категориите предвидени се и Лауреати.
На сцената во МНТ ќе земат учество напреварувачи од сите Балкански земји, како и Словачка, Украина Казахстан, Чешка, Полска, Австрија и др. Инаку, Михаела е најмалиот учесник на овој фестивал.