Според најавите, денеска Владата на седница треба да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор

Сподели го ова:


Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ќе и се предложи на Владата да прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор, како и дека има средства за да се интервенира, а во зависност од тоа колкави се потребите на енергетските компании, толку средства ќе бидат пренасочени директно од Буџетот. – Моментално не се предвидени рестриктивни мерки, но ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор со единствена цел да може да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании во земјата, вклучувајќи ги и ЕСМ и МЕПСО за да се зголеми нивната ликвидност, за да може да се интервенира во увозот на струја, неодамна изјави Бектеши. Имено Владата на 30 октомври оваа година донесе т.н. “Уредба за прогласување кризна состојба при недостиг на електрична енергија”, а врз основа на тоа што тогаш од Министерството за економија беше соопштено е дека Уредбата е донесена со цел нејзино усогласување со одредбите на Законот за енергетика. Имено, неодамна и бизнис заедницата побара прогласување кризна состојба во енергетскиот сектор.





Сподели го ова:

Слични објави