ВИДЕО: “Комфи Ангел” и сопственичката Ирена Јакимоска се идните домаќини на градската слава во Прилеп
Прилеп денеска го одбележа својот патрон празник „Свети Никола“, а одбележувањето на празникот започна утрово со Света божествена литургија во црквата „Свето Благовештение“. Веднаш потоа, празнувањето продолжи пред параклисот на св. Никола во центарот на градот, каде се изврши мал водосвет и прережување на славскиот колач. Пред присутните се обратија прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, годинешните домаќини на славата, како и идната кума на прилепската слава – Ирена Јакимоска и компанијата Комфи Ангел.
“Од името на секој вработен од Комфи Ангел, сакам да Ви произнесам благодарност за можноста уште еднаш да бидат домаќини на своите сограѓани – градот каде компанијата си ја прави својата додатна вредност, градот каде што се остваруваат… Она што можеме да Ви го пренесеме, е да даде Бог да сме сите на број, да сме тука здрави, а до година да сме повесели. Се сложувам со сите мои претходни говорници, дека љубовта е единствената причина за нашето постоење. Овој град, знаел да покаже дека се сакаме меѓусебе и покрај тоа што знаеме некогаш да бидеме сурови, меѓутоа едно треба да запамтиме – ние сме оние кои што ја правиме традицијата, а традицијата е како што кажа нашиот градоначалник, она што не исповетува со нас, и затоа ние сме оние кои можеме да обезбедиме континуитет на традицијата во името на оние кои што доаѓаат после нас” – порача Јакимоска.
Веднаш после говорот, Јакимоска беше поздравена со громогласен аплауз од страна на нејзините сограѓани, не само затоа што Јакимоска е нивна сограѓанка, туку затоа што пред се, станува збор за дама која е голем хуманитарец, и секогаш излегува во пресрет онаму каде што е потребно.
Колку за потсетување, благодарение на Јакимоска, компанијата “Комфи Ангел” денес е лидер на пазарот кога станува збор за производството и продажбата на јоргани, перници, заштитници за душеци, како и разни видови на квалитетни постелнини. Оваа компанија исто така е и лидер во својата работа која што се карактеризира со огромна посветеност, вистински начин на менаџирање, мотивирана работна сила, како и одлични човечки ресурси.