Уапсен е 58 годишен прилепчанец! Палел кабли во близина на депонија

Сподели го ова:






























Лишен од слобода прилепчанец, палел кабли во близина на депонијата во Струга

На 04.10.2025 околу 22:00 часот, во близина на депонијата за отпад во Струга, полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија С.В.(58) од Прилеп.

Тој бил затекнат додека се обидувал да ги запали претходно собраните кабли од стари машини и од други предмети, за да може потоа, да ги извлече бакарните жици. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави