ВРИЕШЕ ОД НАРОД: Денеска во Прилеп имаше голем автомобилски спектакл кој граѓаните уште долго ќе го паметат!
Прилеп и годинава е центар на автомобилските ентузијасти, со традиционалниот „Tuning Car Show“, кој веќе 16 години по ред привлекува учесници и посетители од целата земја и пошироко.

Оваа манифестација не само што ги обединува љубителите на автомобилите, туку и претставува вистински спектакл за сите генерации, со широк спектар на уникатни, модерни и класични возила. Градскиот плоштад е една возбудлива сцена каде што креативноста и посветеноста на учесниците ја изразуваат љубовта кон автомобилите.
Голема благодарност до организаторите за нивната континуирана работа и посветеност во одржувањето на овој настан, кој го позиционира Прилеп како еден од водечките центри за автомобилска култура во Македонија.
