ПРОДАНОСКИ: На денешен ден, прилепчани неможејќи повеќе да го издржат теророт и угнетувањата од бугарскиот фаштистички окупатор, биле првите кои ја повеле долгата и пожртвувана борба за слобода

Сподели го ова:


























На денешен ден, прилепчани неможејќи повеќе да го издржат теророт и угнетувањата од бугарскиот фаштистички окупатор, биле првите кои ја повеле долгата и пожртвувана борба за слобода – истакна прилепскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, кој при тоа додаде:

“Вооруженото востание кое започна на 11 октомври во 1941 година, придонесе да се оствари сонот на многу генерации за формирање на македонска држава. Овој пат исполнет со многу жртви и херои, преку долготрајната Народноослободителна борба, придонесе Македонија да има посебно место во историјата, место на страната на правдата и на човечноста. Борбата за слобода ја плативме со многу жртви пред чие дело ние денес се поклонуваме.

“На овој ден се потсетуваме за вечниот идеал за слобода и правда на Македонците, кои уште еднаш во историјата ја покажале својата решителност и пожртвуваност за независна и самостојна држава.

Честит празник 11-ти Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор.

Да живее самостојна, независна и суверена Република Македонија!” – порача пратеникот Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави