Време е за “стрижење”! Прилепски Kомуналец започна со обликување на украсните зимзелени растенија
Комуналните работници естетски ги обликуваат украсните зимзелени растенија засадени по средишната лента од влезот во градов од кај Лук оил.
Со ова ќе се добие прегледност во сообраќајот, но и ќе се добие подобар визуелен изглед.
Со кастрење комуналните работници ќе го продолжат и во текот на утрешниот ден, за што се замолуваат возачите за повнимателно возење.