Внимавајте! Плинските боци “не се играчка”! Жена се здоби со изгореници откако пукнала плинска боца во нејзиниот дом
На 25.11.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, Х.С.(45) од Скопје пријавила дека околу 16.40 часот во нејзиниот дом во населбата Гоце Делчев пукнала плинска боца која била приклучена со греалка и при тоа таа се здобила со изгореници, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје – информира МВР.
фото/ илустрација