НАСКОРО: Прилепската публика ќе ужива во уште едно маестрално дело на прилепскиот театар
Во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата според Дарио Фо, а во режија на Андреј Цветановски. Колку за потсетување, Цветаноски за прв пат соработува со прилепскиот театар. Станува збор модерна комедија со апсурдни призвуци, како и за комедија со горк вкус.
Во оваа нова претстава ќе играат Марија С.Илијеска, Александар Тодески, Димитар Ѓорѓиевски, Димитар Црцороски, Илија Волчески, Михајло Миленкоски, Наташа Ачански како и Ангела Наумоска.
Автор на сценографијата е Сергеј Светозарев, музиката е на Томе Темелкоски и на екипата, за костимите се погрижи Марта Дојчиновска драматургијата, додоека преводот е на Лидија Митоска Ѓорѓиевска. Премиерата на „Мистерија Буфо“ според плановите на театарот се очекува да биде наскоро. Прилепската публика ќе ужива во уште едно маестрално дело на прилепскиот театар.
.