Огромен интерес и кај прилепските ученици за посета на премиерното 7-мо издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”
Цел Прилеп ќе ужива во најновото издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. И оваа година, има преголем интерес од страна на публиката да ужива во детската фестивалска магија и да ги слушне најновите детски музички хитови од 7-мото издание од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. Фестивалот е на 4 јуни во големата сала во НУЦК Марко Цепенков, а за учениците од училиштата и градинките фестивалски претстави ќе има од 10, 11 и 12:10h. За секоj детски посетител следува подарок од “Ladna voda” и Витаминка.
Главната вечерна фестивалска претстава која ќе се снима за на ТВ, е на 4 јуни во 19:30 часот. Како и секоја година, така и оваа ќе биде разиграно, распеано и веселоооо! Дојдете заедно да ги слушнеме ПРЕМИЕРНО најновите детски хитови и да се дружиме со урнебесните кловнови и маскотата од Веселото Ѕвонче