НОВОГОДИШНА БАЈКА ВО М. ЦЕПЕНКОВ: “Дружината на Снешко Белчо” – театарска претстава за деца која целосно доловува вистинска зимска бајка

Сподели го ова:


























Со доаѓањето на месец декември, започна и новогодишната магија која е официјален предвесник на Новата година – која што веќе е на самиот праг. А на доаѓањето на Новата Година, најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца.

По тој повод, специјално само за најмладата публика во Прилеп, на 16.12.2023 (сабота) со почеток во 10:30 часот во големата сала во НУЦК Марко Цепенков, погледнете ја волшебната претстава за деца “Дружината на Снешко Белчо – НОВОГОДИШНА ДЕТСКА БАЈКА”, која со сигурност ќе создаде волшебни, новогодишни спомени во секое детско срце.

Во претставата учествуваат Снешко Белчо, Дедо Мраз и нивната голема дружина. Сите овие популарни театарски ликови (врз основа на она што можеше да го забележи објективот на нашиот информативен портал “STANICA.MK”), се очекува да изведат атрактивна театарска претстава за деца, која ќе биде во склоп на предновогодишните празници. Доколку и Вие сакате да ја проследите театарската претстава за деца “Дружината на Снешко Белчо”, тогаш 24/7 може да си резервирате билет на телефонскиот број 078/ 667-797 -БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА-ПРИЛЕП.

Напомена: Салата во Цепенков ќе биде топла, а претставата ќе биде целосно озвучена!

Снешко Белчо и неговата дружина Ве очекуваат на едно ново театарско доживување!

Се гледаме во Марко Цепенков!




Сподели го ова:

Слични објави