Во знакот на верата и традицијата, прилепчани си простија едни на други
Денеска на Прочка во Стара црква во Прилеп, се одржа проштална вечерна богослужба. На богослужбата прилепчани се простија едни со други, онака како што наложуваат црковните обичаи и верувања.

Нека нашиот Господ Исус Христос ги разреши нашите опроштенија и го прими нашето покајание за влез во Великиот пост – порачаа од овој голем црковен прилепски храм.
















