Денеска на „Чист понеделник“ со традиционална посна трпеза ќе се заокружи годинешната прослава на Прочка
Денеска на „Чист понеделник“ со традиционална посна трпеза ќе заврши годинешната прослава на Прочка. Корените, традицијата и обичаите како нераскинлив дел во постоењето на нашата милениумска македонска историја ни давааат обврска дека мораме да ги почитуваме и да ги негуваме, а со самото тоа цврсто да ја чуваме нашата врска со се она што претставува македонска вера и традиција.
Денеска ќе има традиционална посна трпеза, со која ќе се заокружи годинешната прослава на Прочка во трпезаријата на манастирот „Св. Ѓорѓија“ .