Прилепското музичко училиште “Matrix” на камената бина во Прилеп го одржа својот летен концерт

Сподели го ова:


























Вчера вечерта во градот под Марковите Кули, прилепското музичко училиште “Matrix” на камената бина во Прилеп го одржа својот летен концерт, каде учениците од ова приватно музичко училиште пред присутната публика, ги покажаа своите вокални способности.

Присутната публика која вчера беше пред камената бина, уживаше во одличните изведби на учениците од ова прилепско училиште.

Колку за потсетување, еден дел од овие ученици кои учат и се надоградуваат во “Matrix” (како што се: Матеја Цветковска, Викторија Стојаноска…) секоја година пеат на најатрактивниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” во детскиот и тинејџерскиот музички блок на фестивалот кој секоја година се одржува во Прилеп, а со самото тоа се дружат со учесници од повеќе градови од Македонија.

Уште еднаш, честитки до прилепското музичко училиште “Matrix” за одличниот вчерашен концерт!




Сподели го ова:

Слични објави