ПРИЛЕПСКАТА ТРАДИЦИЈА СЕУШТЕ ЖИВЕЕ: Вечерва ќе се палат бадниковите – коледарски огнови
Традиционално пред Бадник, и годинава во Прилеп и прилепско ќе се палат бадниковите огнови, а сето тоа е доказ дека страта прилепска традиција сеуште живее, и ги обединува прилепчани во едно, онака како што доликува на еден православен народ.
Ова е стара прилепска традиција, која се спроведува вечерта пред Бадник, при што се пали оган со чашка греена ракија во рацете, со погача, со македонски песни, со желби за добро здравје и бериќет.
Толкувањата на црквата за овие обичаи се пагански, меѓутоа граѓаните ги практикуваат како една дополнителна можност за дружење со пријателите пред божиќните празници.