И дечињата од прилепските градинки ќе бидат дел од манифестацијата “НАЈДОБРОТО ОД ПРИЛЕП” со песната “Градинке, градинке”

Најдобрите групни точки на најмладите од Прилеп од 4 до 7 години ќе бидат дел од најголемата завршна детска манифестација која ќе се случи на 18-ти јуни во НУЦК Марко Цепенков. До сега има пријавено голем број на учесници на завршната детска манифестација “THE BEST OF PRILEP”, Музика, танц, балет…
Групите за пријавување се создадени од најмалку 25, а најмногу до 60 учесници од група. Од страна на организациската продукција, сите учесници на оваа манифестација ќе бидат наградени со поединчени дипломи. На манифестацијата “THE BEST OF PRILEP” на 18-ти јуни ќе настапат и дечињата од прилепските градинки со новокомпонираната песна од Гоце Балада, која носи наслов “Градинке, градинке”. Колку за потсетување, ова песна во месец април оваа година беше изведена на шестото издание на најпопуларниот детски музички фестивал “Весели ѕвончиња by JANA” -Прилеп 2024 година. Токму со ова песна, слатките дечиња од прилепските градинки ќе се претстават на манифестацијата “THE BEST OF PRILEP”. Се гледаме на 18-ти јуни во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп, за да ги подриме нашите учесници.