ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Маж ги убил сопругата и нејзината мајка, па потоа самиот си пресудил
Денеска, нешто околу 14.25ч. во стан во Куманово, постапувајќи по добиена пријава, полициски службеници ги пронашле починати Е.А.Ј. (40) од Куманово и нејзината мајка П.Н., кои претходно со нож ги убил Д.Ј. (46) од Куманово (сопруг на Е.А.Ј.)
Потоа Д.Ј. си нанел повреди, и скокнал од прозорецот. Веднаш по падот бил пренесен во кумановската болница.
Од страна на екипа на СВР Куманово и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.