Во прекрасна атмосфера кај месноста Склештен мост, прилепчани го одбележаа Св. Трифун – заштитникот на лозарите и винарите
Со голема чест и задоволство, денеска прилепчани го одбележаа Св. Трифун – заштитникот на лозарите и винарите, празник кој го слави трудот, традицијата и љубовта кон лозарството и виното.
Во прекрасна атмосфера кај месноста Склештен мост, заедно со бројни наши сограѓани, традиционално беше извршено закројувањето на виновата лоза, посакувајќи му плодна и успешна година на сите лозари и винари.
Нека ни донесе Св. Трифун здравје, среќа и благосостојба!
















