ВО ПРЕСРЕТ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Комуналците со редовни оперативни работи во однос на одржувањето на прилепските гробишта

Сподели го ова:























Покрај редовните оперативни работи кои ги имаат комуналните работници за одржување на старите и новите Градски гробишта, деновиве се работеше и на тампонирање на оштетениот обиколен пат кај гробишта- Песјобрдце, и тампонирање на влезовите во старите гробишта, или горна порта.

И покрај тоа што временските услови не им беа во прилог на комуналните работници за оперцијата косење и собирање на зелен отпад, сепак со помош на косачи од Одделението за паркови и зеленило, планирано е до петок да се заврши и со оваа операција.

Заради хигиена во гробиштата, а посебно пред и за време на празниците се замолуваат граѓаните да ги користат контејнерите и кантитите за одложување на отпад.



Сподели го ова:

Слични објави