Во паркот кај судот, безброј детски насмевки кои го разубавија денешниот ден во Прилеп

Сподели го ова:






























Денес во паркот кај Судот беше организиран Отворен настан за најмалите, кој беше исполнет со прекрасни изведби и активности, смеа и многу забава!

Благодарение на дарежливата донација од нашиот сограѓанин Димитри Катароски кој што живее и работи во Америка, успеавме да ги обновиме детските реквизити и да го освежиме паркот, претворајќи го во безбедно и пријатно катче за игра и дружење на нашите најмлади.

Искрена благодарност до сите кои го помогнаа и поддржаа овој проект – вашата грижа и вложување се пример за тоа како заеднички можеме да го унапредуваме нашиот град и да создадеме подобри услови за живот. Нека овој чин на одговорност и дарежливост биде инспирација за сите нас! Преку заедничка работа и грижа кон заедницата, можеме да го зачуваме и унапредиме она што го имаме, оставајќи трајни вредности за идните генерации – истакнаа од Општина Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави