Во Општина Битола се одржа координативен состанок, каде се започна со сериозна и темелна подготовка за донесување на нов Деловникот за работа на Советот
Денеска претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, заедно со секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, како и Одделението за правно-нормативни административни и општи работи, одржаа координативен состанок, каде се започна со сериозна и темелна подготовка за донесување на нов Деловникот за работа на Советот.
Целта е јасна модерен, функционален и ефикасен Деловник за работа, со целосно отстранување на сите недоречености и подобрување на транспарентноста и работата на Советот во интерес на сите. Во текот на месец јануари, предлог-деловникот ќе биде доставен до сите советници, со цел да биде разгледан и дополнет со предлози од сите советнички групи а потоа и усвоен – порача Бојкоски.















