Ова уникатно “ФИЌО” е вистинска атракција по македонските улици

На 18 октомври 1955 година, Zastava 750 излезе од фабричката линија на фабриката Zastava во Крагуевац. Овој автомобил, се појави во времето на силниот индустриски развој на Југославија, при што истиот беше направен под лиценца на Fiat па како резултат на тоа го доби прекарот – „фиќо“.
Меѓутоа, очигледно е дека едно вакво фиќо е сеуште во функција во Кавадарци, и истото претставува вистинска атракција кога се појавува по македонските улици.
Колку за потсетување со појавата на фиќото во Југославија, во тоа време го обожаваа сите бидејќи беше економично, и секој просечен граѓанин можеше да си го дозволи, меѓутоа покрај граѓаните, „фиќо“ користеа и полиција, поштата…