ЖАЛОСНО: Едно лице почина, а 20 се повредени во сообраќајна несреќa која се случи при излезот на Битола

Сподели го ова:


























На патот кој води од Битола кон населените места во Демир Хисар, настана судир меѓу патничко моторно возило и автобус на компанија која што превезувала работници. Станува збор за директен сообраќаен судир меѓу патничкото моторно возило и автобусот на излезот од Битола.

На местото на сообраќајката, загинал возачот на патничкото моторно зозило, додека пак совозачот е исто така тешко повреден.

Врз основа на информациите, повредени се и дел од патниците во автобусот, но со полесни повреди.




Сподели го ова:

Слични објави