Во Крушево е регистрирана највисока неделна инциденца од Ковид 19– 1.152,4/100.000
Од 10.01.2022 до 16.01.2022 во нашата земја тестирани се вкупно 45.401 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=5.630; 50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево – 1.152,4/100.000. Дали за ваквата највисока неделна инциденца која е регистрирана во Крушево придонесоа и дел туристите кои беа во Крушево за време на новогодишните празници и кои можеби дел од нив биле заразени за време на нивниот престој во Крушево-останува да се произнесат надлежните.