Почина малолетник – пронајден е со изгореници по телото кои најверојатно настанале од удар на гром
На 08.03.2024 во 15.30 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во атар на с.Негорци, гевгелиско, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото, најверојатно од удар од гром, кај малолетник од с.Негорци, кој напасувал добиток.
Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција – информира МВР.