Во исчезнувањето на Вања инволвиран и нејзиниот татко??
Таткото на Вања Ѓорчевска е приведен, а со него е извршен распит и ќе се преземат мерки по насока на Ј.О.
Министерот за внатрешни работи денеска информираше дека девојчето Вања Ѓорчевска е киднапирана пред влезот на нејзиниот дом, ведаш откако претходно нејзиниот татко споделил информација со организаторот за времето на нејзиното излегување.
–Како што веќе сте запознати, мотивот е „користољубие“ при што едно од лицата во договор и со знаење, според привчните сознанија на член на семејството, го организирал извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката од кое понатаму сите инволвирани би имале материјална корист – информира Спасовски.