|

Во црквата “св.Петка” во нас.Точила, се поставени креативни корпи за отпадоци

Сподели го ова:


























Црквата “св.Петка” во населба Точила претставува црковен христијански храм, кој што секојдневно е посетуван не само од страна на верниците од населба Точила, туку и од останатите граѓани од општина Прилеп. Она што е најново кај овој православен христијански храм, се “џентлмените” и “дамите”, односно креативните корпи за отпадоци кои веќе неколку дена го красат црковниот двор.

“Вештите раце на мајстор Јовица (ЈАКОМАК Прилеп), ги направија “џентлмените” и “дамите” токму онака како што беше побарано од него. Секоја чест! Бог да му дарува здравје и спасение нему и на неговото семејство” -се истакнува во Facebook објавата од овој прилепски храм.




Сподели го ова:

Слични објави