ЈОВЧЕСКИ: Jас нема да дозволам договори кои ќе бидат на штета на Република Македонија

Сподели го ова:























Како човек кој е роден во Прилеп, градот од каде започнала борбата против фашистичкиoт окупатор, јас нема да дозволам договори кои ќе бидат на штета на Република Македонија – нагласи прилепскиот градоначалник Борче Јовчески во објавата која е споделена на неговата официјална Facebook страна.

“Во оваа прилика сакам да истакнам дека ја поздравувам и поддржувам одлуката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за распишување на референдум кој го гледам како спас и гаранција на македонските национални интереси и ќе го ставам својот потпис за истиот. Ова е шанса за македонскиот народ да го крене својот глас и да застане на патот на оваа ненародна власт кој води до целосно распродавање на македонската држава”-истакна Јовчески.



Сподели го ова:

Слични објави