Прилепчани револтирани: И денеска останаа без леб
Рафтовите во продавниците во Прилеп се празни – нема леб бидејќи пекарите денеска веќе втор ден не донесоа леб. Сопствениците на маркетите не знаат како денеска ќе го поминат денот, а исто така под знак прашање е дали треба да прават нарачка за утре. Како и да е, потрошувачите останаа без леб.
Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да изнесува над 33 денари, и за белиот и за полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите чии цени ќе бидат замрзнати – одлучи Владата. Ќе следат и нови одлуки, а се прават анализи и за цените на тестенините. Владата ќе изготви цел список на производи – ова пред неколку дена го изјави Министерот за економија Крешник Бектеши на неговата прес-конференција.