Во Битола е закажан втор стендап спектакл со Никола Тодороски, откако првиот стендап за на 26.12.2023 се распродаде за само еден ден!

Сподели го ова:

По барање на битолската публика, закажан е втор стендап спектакл со Никола Тодороски, откако билетите за првиот стендап за на 26.12.2023 се распродаде за само еден ден! Имено, вториот датум за овој стендап спектакл е закажан ден претходно од веќе распродадениот прв термин, а тоа е 25.12.2023 во 20:30h во Народен театар Битола. Најбараниот комичар и мајстор за стендап шоу – Никола Тодороски доаѓа во Битола со неговото најново стендап – комично шоу “Лошо куче”, за кое со сигурност Ве уверуваме дека ќе Ве насмее до солзи, а дека ќе биде вистински спектакл -Ви гарантираме со сигурност, бидејќи нашата екипа постојано ги следи неговите настапи.

Во Битола, веќе е закажана втората стендап претстава за најголемиот стендап спектакл во Народен театар- Битола, сала која што со сигурност ќе биде претесна за да ги собери сите заинтересирани битолчани, бидејќи еве како што не информираат од продукцијата, постојано се бара билет повеќе за настапот на Никола Тодороски во Битола. Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Србија, и каде ли уште не, каде и да се појави се бара “билет повеќе”. Сето ова е доказ дека Никола Тодороски е ЦАРОТ НА СТЕНДАП НАСТАПИТЕ ширум Македонија, а веќе извесен период неговите настапи се бараат и во Србија. ПОБРЗАЈТЕ! Билети по цена од 250 денари на билетарата од Народниот театар – Битола, само овој понеделник (18.12.2023) од 18 до 20h, или пак билети може да си резервирате на 078/ 66-77-97.



Сподели го ова:

Слични објави