Внимавајте какви јајца купувате! Уништени се 40 тони јајца кои во Македонија пристигнале од Србија

Сподели го ова:





























Над 40 тони необележени јајца од Србија се уништени на депонијата Дрисла, откако инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација со Царинската управа, спречија обид за нивен нелегален увоз во земјава.

Акцијата беше спроведена на граничниот премин Табановце, каде по деталната контрола беа откриени вкупно 572.400 свежи јајца, скриени зад првите палети со уредно декларирана стока. Во едната пратка биле пронајдени 270 илјади, а во другата 302.400 необележани јајца. Постојат индиции дека овие производи требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат како домашно производство, со што би се загрозиле и потрошувачите и конкурентноста на македонските производители.




Сподели го ова:

Слични објави