Внимавајте! 76 годишен дедо останал и без дрва, и без пари!

Сподели го ова:


























На 15.08.2024 во 16.10 часот во СВР Велес, 76 – годишен велешанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.000 денари.

Според пријавеното, лицето дошло во неговиот двор и му понудило да му продаде шест кубни метри огревно дрво по цена од 3.000 денари за кубен метар. Како што е пријавено, откако му ги дал парите лицето му кажало дека ќе оди да ги товари дрвата, по што заминало и не се вратило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.




Сподели го ова:

Слични објави