МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА! Артилериска стрелба по повод утрешниот ден на АРМ
Вечерва, по повод утрешниот ден на АРМ, во скопската касарна „Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на вкупно 10 плотуни од артилериски орудија од составот на артилерискиот баталјон на Македонската Армија.
Имено, македонската армија при одбележувањето на денот на АРМ, овие неколку дена става акцент и на бранителите кои ги положија своите животи за Македонија.
Да продолжиме да го почитуваме нивниот спомен!