ОДРЖАНА 37-та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА Општина Прилеп!
Седницата на Советот на Општина Прилеп започна со утврдување на дневниот ред, а пред советниците се најдоа 16 точки.
Членовите на Советот на Општина Прилеп дадода позитивно мислење за Предлог-Извештајот за работата на Советот на Општина Прилеп, за 2023 година.
Со мнозинство гласови беа усвоени и Предлог-Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за спортски клубови, професионални спортски клубови и здруженија и фондации, како и Предлог-Одлуките за: Усвојување на програмата за усвојување на Програмата за работа и развој со инвестициони вложувања и Финансиски план на ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп, за 2024 година, Давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плата во ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп, За усвојување на Финансиски план на ЈКП Комуналец Прилеп, за 2024 година, За давање согласност на Финансискиот план за работењето на ЈП за ПУП Прилеп за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, За усвојување на Програмата за работа на ЈП за ПУП Прилеп-планирани активности во 2024 година, За давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП за ПУП Прилеп за 2024 година, За давање согласност на Програмата за работа на ЈКП Пазари Прилеп, за 2024 година, За усвојување на Финансиски план на ЈКП Пазари Прилеп, за 2024 година.
Исто така мнозинството советници дадоа согласност на Програмата за реализација настава во природа за учениците од V (петто) одделение на ООУ ,,Климент Охридски’’-Прилеп за учебната 2023/2024 година, За разрешување и именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на ООУ “Кирил и Методиј”с.Канатларци -Прилеп, За измена на Решение за именување на член во Управниот одбор на ЈОУ Градска Библиотека „БоркаТалески“Прилеп и на Предлог-Одлуката за прифаќање на донација на Општина Прилеп.Последните две точки односно Предлог-Одлуки беа изгласани со 15 гласа ЗА, и тоа: Предлог-Одлука за донесување на техничка исправка на Детален урбанистички план за УЕ 5-дел, плански опфат Ц – Општина Прилеп и Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за четврт 3, блок 3.1, Општина Прилеп, плански период 2023–2028.